Политика за приватност

Ние, Финансиско друштво Солидус ДОО Битола , со ЕМБС 7580436, со седиште на ул. Димитар Илиевски Мурато, бр.22 7000 Битола ; e-mail: info@solidus.mk, прибира и обработува лични податоци на физички лица, наши клиенти, договорни страни или други страни на Македонскиот пазар. Друштвото е небанкарска финансиска институција запишана во регистарот на трговски друштва во согласност со Законот за финансиски друштва, а кој го води Централниот регистар на Република Северна Македонија, и согласно Решение бр.13-2505/1 од 11.03.2022 година на Министерството за финансии. Ние сме целосно запознаени со нашата обврска да обезбедиме заштита на Вашите лични податоци, со обврската да обезбедиме усогласеност со применливата законска регулатива во областа на заштита на личните податоци.

Со оваа Политика за приватност ,Ние го прикажуваме начинот на кој собираме и користиме Лични податоци на нашите клиенти. Видовите информации кои може да ги собереме и задржиме при посета на нашата веб-страна, како и на кој начин се користат тие информации и со кого се споделуваат податоците. Исто така, оваа Политика го прикажува и начинот на кој можете  да нè контактирате доколку имате прашања или сте загрижени за овие информации.

Контролор за обработката на Вашите лични податоци е ФД Солидус ДОО Битола.

”Личен податок” е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет;

„Документ” е секој запис кој содржи лични податоци и истиот може да биде во електронска или хартиена форма, да се чува на медиум и во информатичко комуникациска опрема која се користи за обработка на податоците, да се доставува преку пошта или да се пренесува преку телекомуникациска мрежа;

“Обработка на личните податоци” е секоја операција или збир на операции што се изведуваат врз лични податоци на автоматски или друг начин, како што е: собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување, комбинирање, блокирање, бришење или уништување;

„Псевдонимизација на Лични податоци“ или “Анонимизирање на Лични податоци“ е алтернатива на бришење или уништување на Вашите Лични податоци. Со ова се отстрануваат сите елементи со кои директно или индиректно може да бидете идентификувани. Псевдонимираните или анонимизираните податоци, не претставуваат Лични податоци.

“Закон” – Закон за заштита на личните податоци (Службен весник бр.42/20)

“Писмена согласност на субјектот на лични податоци” е потпишана согласност од страна на субјектот на личните податоци во форма на документ или одредба во договор;

 *Законит, фер и транспарентен начин на обработка на личните податоци

Личните податоци се собираат и обработуваат исклучиво за цели дефинирани во релевантен закон, исполнување на предмет на договор склучен со ФД Солидус ДОО Битола и наплата на реализирани услуги, врз основа на добиена согласност за обработка на лични податоци од корисник за цели наведени во истата (пр. Директен маркетинг) како и при постоење на легитимен интерес.

   * Ограничување на целта на обработката на личните податоци

ФД Солидус ДОО Битола ги обработува личните податоци само за цели кои се потребни за исполнување на законски обврски, исполнување на права и обврски од склучениот договор, наплата на своите побарувања и обработка за цели за кои корисникот дал претходна согласност.

Доколку ФД Солидус ДОО Битола има легитимен интерес да ги обработува личните податоци за други цели таквата обработка ќе биде предмет на анализа и проценка на влијанието на таквата обработка врз приватноста на корисниците.

   *Ограничување на обемот на личните податоци

Обработката на личните податоци е ограничена само на оние податоци кои се неопходни за да се исполни целта на обработката. Доколку се појави потреба за обработка на дополнителни податоци, ФД Солидус ДОО Битола ќе го информира корисникот како субјект на лични податоци за доставување на дополнителни податоци и онаму каде што е неопходно, ќе ја побара негова согласност за таа дополнителна обработка.

   *Точност на личните податоци

Давањето на вистински, точни и целосни податоци, како и благовремено известување за измените на личните податоци е законска и договорна обврска на корисниците и истото претставува неопходен услов за засновање на договарачки однос како и за исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договор.

ФД Солидус ДОО Битола има законска обврска за водење на точна евиденција на своите корисници и за таа цел спроведува разумни мерки за потврдување на точноста, исправка и/или бришење на неточните или некомплетните лични податоци. Покрај мерките кои ги презема ФД Солидус ДОО Битола, секој корисник има право да побара исправка, измена или бришење на неговите лични податоци на лесен и едноставен начин како што е утврдено во точка 10 од оваа Информација.

   * Ограничување на роковите на обработка на личните податоци

Личните податоци добиени од корисниците врз основа на склучен договор ФД Солидус ДОО Битола ги чува согласно роковите дефинирани во релевантен закон. ФД Солидус ДОО Битола може да обработува податоци за статистички или други деловни цели и во подолг рок, согласно неговите потреби, но при тоа, таквите податоци се анонимизираат, после што тие податоци не може да се поврзат со конкретен субјект на лични податоци и не содржат никакви лични податоци.

 *Интегритет и доверливост на личните податоци

ФД Солидус ДОО Битола презема соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап, незаконско откривање, менување или уништување на податоците. Пристапот до личните податоци е ограничен на лицата кои имаат овластување за обработка на лични податоци согласно описот на работни задачи и за активности потребни за спроведување на законски обврски, исполнување на договор, обработка врз основа на дадена согласност или исполнување на легитимен интерес.

  * Отчетност

ФД Солидус ДОО Битола согласно начелото за отчетност утврдено во ЗЗЛП располага со записи и докази дека се преземени сите потребни мерки за спроведување на погоре нaведените начела во пракса, односно дека ги исполнува законските барања за заштита на личните податоци.

*Лични податоци: име и презиме, пол, ЕМБГ, број на трансакциска сметка, датум на раѓање, деловна способност, државјанство.

* Името на лицата за контакт, кои ни ги давате Вие, а кои не се гаранти врз основа на претходна потврда дека истото е запознаено за обработувањето на неговите лични податоци само за овие цели и дека истите се информирани дека во секое време имаат пристап и право на исправка на личните податоци.

Документ за идентификација: Видот на Вашиот документ за идентификација, земја во која е издаден, регистарски број, датум на важност, податоци запишани во баркодови на документот (во зависност од видот на документот) и безбедносни карактеристики.

  *Утврдување на кредитната способност на клинетот: Работната позиција, висината на месечните примања, допонителни примања, професија, плата, дополнителен приход, податоци за работодавачот ( ЕМБС, ЕДБ, седиште, телефон, сектор), вклучувајќи податоци од други договори за кредит од Македонско кредитно биро АД Скопје, податок од регистарот на сметки при КИБС АД Скопје за бројот на Вашата сметка, податок од Фондот за здравство за проверка и потврдување на вработувањето, број на договор за кредит, ИД на клинетот,како и податоци собрани во текот на следење на целокупниот период на траење на договорот.

  *Ние ги обработуваме Вашите лични податоци за да Ви ги обезбедиме нашите производи и услуги за извршување разни договорни активности и оценување на Вашата кредитна способност, за исполнување на договорот за кредит и за раскинување на истиот. За таа цел, обработуваме податоци што ни овозможуваат да Ве идентификуваме, да ги потврдиме информациите што ги давате и да Ви понудиме високопрофесионална услуга. Исто така, може да ги обработиме податоците на лица поврзани со Вас, како што се Вашето лице за контакт, исплатувачот или овластениот застапник. Доколку ни ги доставите таквите податоци за контакт, од Вас се бара да го известите ова лице дека сте ни ги дале неговите лични податоци.

  * Со цел да ги направиме нашите услуги поефикасни, ние може да користиме полиња за Вашите контакт податоци во нашите дигитални канали.

  *Доколку не сакате Вашите контакт детали да бидат пополнети во дефинираните полиња во Нашите дигитално Достапни канали или други системи, имате право да се откажете од оваа опција. За да го спроведеме ова, контактирајте не.

  * Ние обработуваме Лични податоци за маркетинг цели  врз основа на Ваша согласност, која имате право да ја повлечете во секое време. Доколку пак обработката не е врз основа на Ваша согласност, Вие може да одбиете да добивате такви известувања во секое време.  Доколку сакате  да ја повлечете Вашата согласност за добивање на маркетинг материјали, Ве молиме да не исконтактирате на телефонскиот број достапен на нашата web страна или преку маил кој исто така е наведен на нашата официјална web страна.

  * Информации за нашите услуги и почетните и дополнителните информации кои ги добивате поради измени во условите или тарифата на финансиското друштво, или информации поврзани со неиисполнување на обврските од договор кој сме го склучиле со Вас (пр. Известувања за доцнење со уплати, долгови, раскинување на договор итн.) не се сметаат за маркетинг. Во овие случаи,  не можете да одбиете да добивате такви информации.

  Обработката на личните податоци се врши според прописите за заштита на личните податоци, преку преземање пропишани технички и организациски мерки за обезбедување на доверливост и заштита на обработката на личните податоци.

   Финансиското друштво не продава, разменува или изнајмува лични податоци на трети страни. Личните податоци можат да се објавуваат само во согласност со законските прописи утврдени со регулативата за заштита на личните податоци, како и други важечки прописи.

  При определување на периодите на задржување на податоците, ги земаме предвид локалните закони, договорните обврски и очекувањата и барањата на нашите клиенти. Кога повеќе не ни требаат информациите, ние безбедно ги бришеме или уништуваме. Финансиското друштво ќе ги задржи Вашите информации само онолку колку што ни требаат и каде имаме легитимна причина да го сториме тоа. Финансиското друштво ќе зачува лични податоци под одредени околности, како што се регулаторните барања. ФД Солидус ДОО Битола можеби ќе треба да ги чува податоците за подолг временски период.

Го задржуваме правото да ја промениме оваа Изјава за приватност во секое време. Датумот на промената ќе биде прикажан на оваа страница, при што промените ќе бидат на сила од денот на последната промена. Ве советуваме периодично да ја прегледувате оваа декларација со цел подобра информираност